... ...
top of page

Често поставувани прашања

Итно ми е потребно да научам за тестирање/интервју. За колку време најбрзо можете да ме научите?

Учењето е високо индивидуален процес кој зависи, пред се, од тоа колку знаете во моментот и колку сте спремни да се вложите за да научите. Сепак, со оглед на тоа што се работи за јазик, временската рамка за совладување зависи од многу аспекти. Закажете консултативен час и ќе добиете реална проценка.

Сакам часови како дел од група. Дали предавате на групи?

Генерално, часовите се индивидуални. Сепак, доколку сакате да се пријавите повеќе ученици како група, ве молам напоменете го истото преку различните форми на контакт кои ви се достапни и ќе ве информираме за можностите и цените.

Не ми одговара цената. Може ли да ми дадете дополнителен попуст?

Во цената за часовите е пресметана подготовката и реализацијата на на синхрона и асинхрона настава, следење на успехот, подготовка на индивидуализиран план за учење и многу други нешта кои служат да ви пружат максимум резултати од вашето учење.

Заради истото, не сме во можност часовите да ги наплаќаме поефтино.

Сепак, со купување на пакет од часови, можете да добиете попуст и до 30% од оригиналната цена.

Како можам да платам за часовите?

Часовите можете да ги платите онлајн преку опцијата за резервирање на регуларен час или купување на флексибилен или месечен пакет. Плаќањето е сигурно, брзо и лесно.

Дали можам да закажам регуларен час без да имам консултативен час?

Не, не можете. Консултативниот час е важен од повеќе причини, а без него нема да може да се изработи персонализиран план за учење.

Доколку сте закажале регуларен час пред да имате консултативен час, ќе бидете известени дека треба најпрво да закажете консултативен час. Регуларниот час ќе ви остане резервиран и ќе можете да го презакажете во термин по договор или да си ги побарате парите назад.

Дали можам да резервирам пакет без да имам консултативен час?

Не, не можете. Консултативниот час е важен од повеќе причини, а без него нема да може да се изработи персонализиран план за учење.

Доколку сте платиле за пакет пред да имате консултативен час, ќе бидете известени дека треба најпрво да закажете консултативен час. Пакетот ќе ви остане валиден, а доколку се решите за различен пакет во меѓувреме, парите за пакетот ќе ви бидат вратени.

Како можам да откажам или презакажам час?

Откажувањето или презакажувањето на часовите можете да го направите директно од оваа веб страница преку вашиот профил, одејќи на опцијата My Bookings.

Дополнително, можете да откажете или презакажете час преку вашиот персонализиран план за учење, со што треба да пополните формулар.

Откажувањето или презакажувањето на часот можете да го направите не подоцна од 2 саати пред почетокот на часот. Доколку ова го направите подоцна, часот ќе се рачуна за одржан.

Како можам да откажам пакет?

Откажувањето на пакетите се прави преку вашиот профил или во контакт со вашиот наставник.

Доколку се работи за FLEX пакет, ќе ви се врати износот после одземање на вкупниот износ за одржаните часови без вклучен попуст.

Доколку се работи за месечни пакети, ќе можете да ги резервирате преостанатите часови од месечниот пакет пред пакетот да престане да важи. За преостанатите часови не можете да ги побарате парите назад.

Добив персонализиран план, но тука има само две лекции.

Зошто не можам да ги видам сите лекции од курсот?

Доколку сте ја избрале опцијата да плаќате од час (PPC), во персонализираниот план ќе бидат опфатени само лекцијата која сте ја закажале и наредната лекција.

Слично, FLEX пакетите ги вклучуваат само лекциите кои се резервирани.

Само месечните пакети доаѓаат со целосен персонализиран план.

Не можам да се снајдам со платформата за персонализираниот план и/или платформата за онлајн лекции. Што треба да направам?

Доколку имате било какви технички проблеми или нејаснотии, слободно исконтактирајте го вашиот наставник. Тој ќе ви помомгне со се што треба, во секое време.

Што треба да поседувам од технологија за да можам да ја следам наставата?

За да можете да ја следите наставата без никакви пречки, потребно е да имате Gmail e-mail адреса, компјутер со стабилна интернет конекција и микрофон. Дополнително, полезно е да имате веб камера и слушалки за поквалитетна настава, но не е задолжително.

Немам време да ги правам задачите пред или после часот. Како ова ќе влијае на учењето?

Задачите пред и по часот се наменети за максимални резултати од процесот на учење и се потребни. Доколку немате доволно време за да ги направите, најдобро е да го намалите интензитетот на часови во неделата, со цел да имате повеќе време за да ги завршите задачите.

Немам време да ги правам дополнителните активности кои ми се понудени. Дали ова ќе влијае негативно на моето учење?

Дополнителните активности служат за да го негувате и зајакнете знаењето во јазикот, а притоа и да го примените во реален контекст. Не претставува проблем доколку не сте во можност да ги правите, се додека го исполнувате минимумот (задачите пред и по часот). Сепак, разговарајте со наставникот за алтернативни можности од овој аспект.

Имате други прашања?

Исконтактирајте го вашиот наставник!

bottom of page